МВР

Казнети 711 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

05.02.2024 10:51

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 711 возачи.

Од нив 59 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 345 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 366 надвор од населено место, соопштија од МВР.