Скијање

Даниел Јуле испиша историја во скијањето

05.02.2024 10:53

Даниел Јуле стана првиот скијач кој успеал да победи откако на првата трка завршил како 30-ти. Прв пат во историјата на Светскиот Куп се случило некој скијач да направи толку голем скок и на крајот да слави победа...

На вчерашниот слалом во Шамони беше испишана историја откако Даниел Јуле стана првиот скијач кој успеал да победи откако на првата трка завршил како 30-ти. Прв пат во историјата на Светскиот Куп се случило некој скијач да направи толку голем скок и на крајот да слави победа.

Швајцарскиот скијач имаше најслабо време од триесетмината што се пласираа во втората трка, заостануваше скоро две секунди зад водечкиот Клемен Ноел, но подоцна во прилог му одеа промените на температурата.

Зад Швајцарецот заврши неговиот сонародник Меилард со 16 стотинки послабо време, додека Ноел кој победи во првата трка мораше да се задоволи со третото место.