СП во фудбал

Финалето на СП во 2026 година ќе се одигра во Њу Џерси

05.02.2024 11:05

Во Њу Џерси, стадионот „Метлајф“, ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Првиот натпревар на Мундијалот во 2026 година ќе се одигра на 11 јуни во Мексико Сити...

Во Њу Џерси, стадионот „Метлајф“, ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Првиот натпревар на Мундијалот во 2026 година ќе се одигра на 11 јуни на стадионот на „Ацтека“ во Мексико Сити.

Покрај домот на двата тима на Њу Јорк од НФЛ (Џајантс и Џетс) во конкуренција за домаќин на финалето беа уште два стадиони во САД.

Веднаш по објавувањето на оваа одлука на ФИФА, на сметката на Меѓународната куќа на фудбалот стигнаа многу негативни коментари.

Причината е теренот, со оглед на тоа што стадионот „Метлајф“ има вештачка подлога, која е опасна површина за повреди. Останува да се види дали ФИФА ќе интервенира и ќе инсистира на поставување вистинска трева како предуслов за одигрување на финалето.

Стадионот е во употреба во изминатите 13 години, откако три години траеше неговата изградба. За изградбата на стадионот беа потрошени 1,6 милијарди долари.

Следното Светско првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули (рекордни 39 дена).