Зеленски се подготвува да смени високи функционери поради „ресетирање“ на украинското раководство
Украинскиот претседател најави ресетирање и смена на неколкумина високи функционери, не само во армијата. Изјавата следи среде шпекулациите дека се подготвува отпуштање на шефот на војската Валери Залужни...

Американскиот Сенат објави предлог-договор вреден 118 милијарди долари со кој ќе се зголеми безбедноста на границите и ќе се обезбеди помош за Израел и Украина. Украинскиот претседател најави ресетирање и смена на неколкумина високи функционери, не само во армијата. Изјавата следи среде шпекулациите дека се подготвува отпуштање на шефот на војската Валери Залужни. На фронтот и натаму жестоки битки. Руските трупи велат дека напредуваат во Бахмут.
„Ресетирањето е неопходно. Зборувам за смена на одреден број државни лидери, не само во армискиот сектор. Кога зборам за промени, на ум имам нешто сериозно, што не се однесува само на еден човек, туку на целото водство на земјата. За да ја добиеме војната сите мора да притиснеме во иста насока, не смееме да бидеме обесхрабрени. Негативноста мора да ја оставиме дома“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
