САД
Демонстранти излегоа на улиците во Игл Пас
05.02.2024 11:47
Десетици демонстранти излегоа на улиците во Игл Пас, Тексас против имиграциската политика на американскиот претседател Џо Бајден...

Десетици демонстранти излегоа на улиците во Игл Пас, Тексас против имиграциската политика на американскиот претседател Џо Бајден.
Малиот пограничен град со околу 30.000 жители е во фокусот на јавноста поради актуелниот конфликт меѓу Белата куќа и Тексас. Ставот на државата е дека федералната влада не прави доволно за да го спречи големиот број илегални мигранти кои секојдневно ја минуваат границата меѓу САД и Мексико.
Гувернерот Абот продолжи да гради ограда на границата иако Врховниот суд пресуди дека федералните агенти можат да ја исечат оградата по должината на реката Рио Гранде.
