Наместо намалени, голем број од граѓаните добија високи сметки за струја
Иако беше најавено дека сметките за струја ќе бидат пониски, голем број граѓани добија повисоки сметки. На социјалните мрежи граѓаните се жалат дека имаат зголемување на сметките за струја поради новиот надомест за пристап на електродистрибутивниот систем. Голем број на поплаки има и до Регулаторната комисија за енергетика…

Новата година почна со големи сметки за струја, се жалат граѓаните. Иако беше најавено дека сметките ќе бидат пониски за оние што трошат помалку електрична енергија, потрошувачите велат дека сега поскапо плаќаат. Граѓаните жалбите ги испраќаат до Регулаторната комисија за енергетика.
Досега, до Регулаторната комисија за енергетика стигнале жалби за висината на сметките за електрична енергија.
И до ЕВН-Хоум пристигнале поплаки од потрошувачите за зголемувањето на сметките. Регистрирале поголема потрошувачка на електрична енергија во месец декември.
„Поради ниските температури има зголемување на потрошувачката на корисниците. Во месец ноември во трет блок влегле околу 1,7% од домаќинствата, а во четвртиот блок влегле околу 40%. Во месец декември во трет блок влегле околу 4,3% од домаќинствата, а во четвртиот блок влегле околу 1,3%“, велат од ЕВН.
И Народниот правобранител собира претставки од страна на граѓаните за високите сметки, во кои повеќе се наплатува на државната МЕПСО, отколку на ЕВН.
Неретко, сметките за потрошена струја се повисоки и поради нередовното читање на броилата од страна на ЕВН.
Ирина Гелевска
