Интернационални ловци демнеат за визи и работа во странство

10.06.2014 18:22

Некои сакаат теретот да го префлат на друг. Избираат посредник без да провератколку време и како работи. Тогаш стануваат жртви на интернационални финансиски ловци на кои што не им проблем да платат скапи реклами...

Пороцедурата за добивање виза или работа во странство е сложена и долга. Поплнување на формулари и апликации со денови. Некои сакаат теретот да го префлат на друг. Избираат посредник без да провератколку време и како работи. Тогаш стануваат жртви на интернационални финансиски ловци на кои што не им проблем да платат скапи реклами.

„Да не подлегнуваат на многу добро креирани стории кои можат да се појават на интернет или во медиумите во Македонија. Кои што нудат работа интернационална, вообичаено зад тие огласи се кријат финасиски ловци кои освен што ќе успеат да ви украдат пари, ќе ви украдат и идентитет и на карј нема да бобиете ништо“, изјави Зоран Кочоски, сопственик на Агенција за посредување за работа во странство.

Кочоски нагласува дека задолжително мора да се провери понудата. На пример ако платата за понудената работа е 2.000 евра, а просечната плата во таа земја е до 1.000 евра тогаш измамата е очигледна. Податоци и информации околу мигрирањата во стрнство можат да се добијат и во Агенцијата за вработување.

„Сите амбасади визите ги издаваат лично. И апликацијата и подигање на визата, и работната дозвола и било кој друг документ мора лично да се подигне“, вели Ведат Зилбеари, од Агенција за вработување на Македонија.

„Им даваме податоци на кои сајтови да аплицираат, на пример за Канада или Австралија, за што треба да платат и колку ќе ги чини“, додава Бобан Апостоловски од АВРМ.

Најголема побарувачка на визи и дозволи за работа има во летниот период. Таргет група е на возраст од 21 до 40 години.

 

Наташа Јанчиќ