САД
Белата куќа и Тексас во костец
05.02.2024 14:56
Тексас и натаму силно му пркоси на претседателот Бајден и неговата имиграциска политика...

Тексас и натаму силно му пркоси на претседателот Бајден и неговата имиграциска политика. Десетици демонстранти излегоа на улиците во Игл Пас, да го поддржат гувернерот Абот кој продолжи со изградбата на оградата долж границата со Мексико и покрај одлуката на Врховниот суд таа да биде отстранета.
„Тука сум да ја браниме нашата земја и да го поддржиме гувернерот Абот и неговите напори“.
„Не сме тука да правиме проблеми со никого, туку да ставиме до знаење дека сме подготвени да застанеме доколку е потребно“.
