Србија
Белград бара итна седница на СБ за Косово
05.02.2024 14:58
Србија бара вонредна седница на Советот за безбедност на ООН по низата еднострани одлуки на косовскиот премиер Албин Курти...

Србија бара вонредна седница на Советот за безбедност на ООН по низата еднострани одлуки на косовскиот премиер Албин Курти. Од Белград соопштија дека ќе се борат со сите дипломатски средства. Во исто време, ЕУ ги повика косовските власти да не влечат потези кои може да имаат контрапродуктивни последици.
„Овие чекори се загрижувачки затоа што не придонесуваат за деескалација на состојбата. Тие вообичаено не се координирани, преземени се еднострано и без консултација за можните последици што би ги имале врз луѓето на теренот“, изјави Петер Стано, портпарол на ЕК за надворешни работи и за бедносна политика.
