мвр

Средба на Тошковски со министерот и дополнителниот заменик министер во MИОА

05.02.2024 16:02

На средбата се разговараше за дел од активностите кои вклучуваат соработка на двете министерства...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамките на денешните активности се сретна со министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски. На средбата се разговараше за дел од активностите кои вклучуваат соработка на двете министерства.

Во таа насока одлучено е заеднички да се вложат напори за подобрување на системот за закажување за лични документи, со цел да им се излезе на граѓаните во пресрет и да се забрза овој процес. Исто така, во наредниот период ќе се разгледа можноста за реализирање на пилот-проект кој ќе се спроведе во координација на двете министерства.