Образование

Новите предлог-законски решенија еден од условите за задржување на високо квалитетни кадри

05.02.2024 17:34

Со Предлог-законот за игри на среќа, кој го чека второто читање, се предвидува пренамена на средствата, кон два фонда-првиот за стипендирање дефицитарни кадри, вториот е фонд за заштита на културното наследство …

Со секој дефицитарен кадар би се постапило исто така разумно затоа што само доколку младите реално би ја почувствувале својата иднина, би останале тука – рече министерката Костадиновска Стојчевска. Иницијативата произлегува од предлогот за измената на Законот на игри на среќа, кој предвидува една од ставките да биде пренасочена кон двата фонда.

На денешната средба беше потпишан и меморандум со кои студентите, кои имаат запишано валиден семестар на овој универзитет, ќе имаат одредени бенефиции за следење на културните настани.

На потпишувањето на меморандумот присуствуваше и ректорот кој искажа исклучително задоволство од иницијативата што ја покажуваат студентите на битолскиот Универзитет и кој дава индиции истата да се преслика и кај средношколците.

 

Александра Максимовска