Успешен извоз на јагнешко месо- досега извезени 2.100 тони

11.06.2014 10:02

По Велигден, продолжува успешниот извоз на јагнешкото месо. Досега годинава се продадени 2.100 тони...

На пазарите во Италија, Грција, Хрватска, Србија и Црна Гора се продаени 2.100 тони јагнешко. Најголемиот дел или 1.200 тони се извезени на нашиот традиционално најголем пазар во Италија.

Во Грција се продадоа повеќе од 480, а во Хрватска 270 тони.

Извозот на на македонско јагне се реализира во текот на целата година, со зголемен интензитет пред божиќните и велигденските празници, кога се продаваат најголемиот дел од произведените количества.

Лани беа извезени 2.700 тони, а во 2014-та се  очекува извозот да биде уште поголем.

 

Методија Трајков