Пунктот „Пролет“ ќе работи во две смени
12-ти февруари е крајниот рок до кога ќе важат личните документи на кои не стои името Северна, потоа нема да може да се излезе од државава.

12-ти февруари е крајниот рок до кога ќе важат личните документи на кои не стои името Северна, потоа нема да може да се излезе од државава.
Техничкиот министер за внатрешни работи најави од утре зголемување на вработени на пунктот за фотографирање, а од понеделник пунктот „Пролет“ ќе работи во две смени.
Премиерот на техничката влада Талат Џафери во интервју за Миа најави дека на денешната владина седница ќе има поконкретни решенија за проблемот со патните исправи. Проблем со документи имаат и македонските граѓани коишто се во странство.
Xафери, во интервјуто за Миа, појаснува дека секој наш државјанин на и без ниеден документ ако дојде до граница за влез во државата – таа е должна да го потврди неговиот статус по однос на државјанството и доколку се потврди државјанството е должна да го пушти без ниеден документ.
