Екстрадиција
Министерот Лога ќе бара забрзана екстрадицијата на Љупчо Палевски
06.02.2024 09:03
Министерот Лога в четврток оди во посета на Анкара. Со турските колеги ќе разговара за забрзување на екстрадицијата на осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски-Палчо.

Делегација предводена од министерот за правда Кренар Лога в четврток ќе престојува во Анкара на средби со официјалните турски претставници.
Едно од прашањата за коишто ќе се разговара е екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Техничкиот премиер Талат Џафери во интервју за Миа вели дека не сака да прејудицира дали овие разговори би можеле да ја забрзаат екстрадицијата на Палевски, но нагласува дека е неопходна лична и директна комуникација за да се види што треба дополнително да се направи.
