Концерт на 14-ти февруари

Хитовите на Френк Синатра во изведба на Џон Илија Апелгрен и Националниот џез оркестар

06.02.2024 09:25

Најпознатите хитови на Френк Синатра, кои ќе бидат изведени на овој концерт ќе прозвучат во салата на Националната опера и балет, со почеток од 20 часот.

По повод 14-ти февруари, датум кој се поврзува со убави нешта, денот на љубовта, денот на виното, годинава ќе биде збогатен и ќе биде одбележен со посебен настан, концертот на Националниот џез оркестар на кој како вокален солист ќе настапи, според многумина, еден од најдобрите џез вокали на овие простори, но и пошироко, Џон Илија Апелгрен.

Најпознатите хитови на Френк Синатра, кои ќе бидат изведени на овој концерт ќе прозвучат во салата на Националната опера и балет, со почеток од 20 часот.

Ова ќе биде воедно и вториот јавен концерт на Националниот џез оркестар од неговото основање, со кој се најавува богата концертна сезона.