МВР

МВР: 225 санкции за брзо возење на територија на цела држава

06.02.2024 09:32

Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 225 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 113 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.