СДСМ: Мицкоски не може да направи ништо за земјата, влезот во Владата ги покажа сите негови лаги

06.02.2024 09:42

Мицкоски и ДПМНЕ говореа дека можат да ги убедат земјите членки на ЕУ да ја променат преговарачката рамка за Македонија. Дека можат да издејствуваат промена на францускиот предлог и подобар договор. Сега ДПМНЕ велат дека не можат една амбасада на земја членка на ЕУ да убедат да го промени ставот, додаваат од партијата.

Мицкоски ги излажа граѓаните. Како што ДПМНЕ влезе во Владата така на виделина излегоа сите нивни лаги и целата нивна неспособност. Мицкоски велеше дека прифаќа учество во широка Влада, но само без ДУИ. Се случи токму спротивното. ДПМНЕ влезе во влада со ДУИ, соопштуваат од СДСМ.

Мицкоски и ДПМНЕ говореа дека можат да ги убедат земјите членки на ЕУ да ја променат преговарачката рамка за Македонија. Дека можат да издејствуваат промена на францускиот предлог и подобар договор. Сега ДПМНЕ велат дека не можат една амбасада на земја членка на ЕУ да убедат да го промени ставот, додаваат од партијата.

Мицкоски не може ништо да издејствува позитивно за земјата, за граѓаните, ниту за македонскиот народ. Велеа дека ќе се асимилираме и бугаризираме, дека македонскиот јазик ќе стане дијалект на бугарскиот, дека великанот Делчев ќе го загубиме. Ништо од ова не се случи. Напротив. ДПМНЕ и Мицкоски го лажат својот народ, своите граѓани. А партија што го лаже својот народ не ја заслужува ниту нивната доверба- стои во соопштението од СДСМ.