Две лица повредени во сообраќајка во Ѓорче Петров

11.06.2014 10:11

Возачите се здобиле со повреди и се пренесени, едниот во Ургентниот центар, а другиот во Градска болница...

Две лица се повредени при судар на два автомобила што се случила утринава околу 7.40 часот на улицата „4-ти јули“, пред пазарот во Ѓорче Петров.

Во сообраќајката учествувале возило „опел корса“  и возило „голф“, двете со скопски регистарски таблици.

Возачите се здобиле со повреди и се пренесени, едниот во Ургентниот центар, а другиот во Градска болница.

Полицијата во моментот врши увид на местото на сообраќајката.