ИЗРАЕЛ - ХАМАС

Напади на израелската армија од копно, море и воздух низ појасот Газа

06.02.2024 09:50

Главните операции на израелската армија сега се на југ, во Кан Јунис и Рафа. Палестинските власти тврдат дека Израелската одбрана напаѓа цивилни објекти во енклавата...

Израелската армија делува од копно, море и воздух низ појасот Газа, а главните операции сега се на југ, во Кан Јунис и Рафа, каде што велат дека е главниот штаб на Хамас. Палестинските власти, од друга страна, тврдат дека Израелската одбрана напаѓа цивилни објекти низ палестинската енклава.

„Копнениот маневар е начин да се победи Хамас. Ние ја продолжуваме оваа акција и ќе стигнеме до местата каде што сè уште не сме се бореле, во центарот на Појасот Газа и на југ. А, особено до последниот преостанат центар на гравитација во рацете на Хамас, Рафа“, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, ја почна петдневната турнеја на Блискиот Исток со посета на Саудиска Арабија.