ООН

Oд ОН предупредија за ризиците од ескалација на состојбата на Блискиот Исток

06.02.2024 09:57

Намалување на тензиите и иднината на Газа во фокусот на петтата посета на Блинкен на Блискиот Исток. Прва станица на американскиот државен секретар, Саудиска Арабија...

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, ја почна петдневната турнеја на Блискиот Исток со посета на Саудиска Арабија.

Од Обединетите Нации предупредија за ризиците од понатамошна ескалација и погрешна пресметка на Блискиот Исток по нападите од САД и сојузниците врз цели во Ирак, Сирија и Јемен.

„Како што сите сме премногу свесни, тензиите што зафатија повеќе земји на Блискиот Исток продолжуваат да растат. Трагично, ова не е изненадување. Од почетокот на октомври 2023-та година, бевме сведоци на речиси секојдневни инциденти во регионот. Тие вклучуваат околу 165 напади врз објекти на Соединетите држави во Сирија и Ирак, што ги поттикна американските напади во двете земји“, изјави Розмари Ди Карло, заменик-генерален секретар на ОН за политички и мировни прашања.

Седницата на Советот за безбедност беше свикана по нападите од САД изминатиот викенд, за што Вашингтон тврди дека се одмазда за целење на американскиот персонал во регионот на Блискиот Исток.