САД

Жртви во поплави и одрони во Калифорнија

06.02.2024 10:02

Изобилни врнежи и силен ветер парализираа делови од американската сојузна држава Калифорнија...

Изобилни врнежи и силен ветер парализираа делови од американската сојузна држава Калифорнија. Според досегашните извештаи, невремето однесе и неколку жртви. Бурата, која првично беснееше во областа Сан Франциско, во понеделникот отпатува на југ, кон Санта Барбара и Лос Анџелес.

Околу 1,4 милиони луѓе се под предупредување за поплави. Метеоролозите предвидуваат повеќе врнежи и сметаат дека заканата од поројни поплави и одрони.