ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО
На кралот Чарлс Трети му е дијагностициран рак
06.02.2024 10:05
Болеста му била дијагностицирана при закажана интервенција за зголемена простата, која ја правел минатиот месец во болница во Лондон...

На британскиот крал Чарлс Трети му е дијагностициран рак, соопшти Бакингамската палата. Тој ќе се повлече од јавните должности додека се лекува.
Болеста му била дијагностицирана при закажана интервенција за зголемена простата, која ја правел минатиот месец во болница во Лондон. Сепак, Бакингамската палата не открива дали ракот е поврзан со тоа.
Специфичните медицински состојби на членовите на кралското семејство, ретко се објавуваат јавно. Според Бакингамската палата, тие имаат право на одредено ниво на медицинска приватност и покрај нивните позиции како јавни службеници.
