НБА
Мајами на колена, има нешто и во искуството
11.06.2014 10:50
Сан Антонио го скроти шампионот (92:111) со рекордниот процент на шут (75,8%) во едно полувреме од финален НБА натпревар и води со 2:1, по порвиот меч од финалната реприза, во салата каде што минатата сезона за влакно не ја освои титулата.

Сан Антонио го скроти шампионот (92:111) со рекордниот процент на шут (75,8%) во едно полувреме од финален НБА натпревар и води со 2:1, по порвиот меч од финалната реприза, во салата каде што минатата сезона за влакно не ја освои титулата.
Каваи Ленард постигна 29 поени, личен рекорд на кариерата, откако во првите два меча имаше комбинирани 18. Погоди 10 од вкупно 13 удари, а ја најави победата со првите 6 прецизни удари. Освен во офанзивното поле, 22 годишниот Ленард помагаше и во дефанзивата и тоа директно на Леброн Џејмс.
Спарс водеа најмногу со 25 поени, беа во предност во текот на целата средба, водат со 2:1 во серијата, ги погодија првите 19 од 21 удар, немаат постсезонски пораз (46/0) во ерата на Попович кога водат со над 20 на полувремето и имаат 15/3 во плеј-оф сериите кога водат со 2:1.
Леброн Џејмс и Двејн Вејд постигнаа по 22 поена, а 7-те загубени топки се најмногу за Џејмс во еден финален меч. Неговите тимови имаат скор 2/7 кога тој губи минимум 5 топки на еден натпревар, а две победи и три порази се со Хит.
Спарс се потрудија и успеаа да изградат водство што едноставно не можеше да биде загрозено во финишот, исцелувајќи ги лошите спомени од фамозниот меч минатата сезона. Пред овој натпревар, Хит имаа втор најдобар постсезонски домашен скор, по Лејкерс (79,2%) во Стејплс Центарот.
Последните три сезони завршуваа во оваа сала, претходните две со шампионски паради. Уште една средба со игра во Мајами, пред можните три последни што се играат најизменично, предност домашен терен има Сан Антонио.
