МВР

Приведен криминалец од Арачиново за издржување затворска казна

06.02.2024 11:37

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 300 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Е.Х.(26) од с. Арачиново, скопско. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 300 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Чаир, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната.