Села свика состанок на Централното собрание на АА
Членовите на партијата ќе разговараат за извештајот на претседателот на партијата, Арбен Таравари, во врска со политичките случувања во пресрет на двојните избори и за насоката во којашто ќе се движи партијата...

Претседателот на Централното собрание на Алијансата за Албанците, Зијадин Села за в сабота свика состанок. Според најавата, членовите на партијата ќе разговараат за извештајот на претседателот на партијата, Арбен Таравари, во врска со политичките случувања во пресрет на двојните избори и за насоката во којашто ќе се движи партијата.
Состанокот на Централното собрание на Алијанса доаѓа по различните ставови за тоа, како и со кого треба да настапат на изборите. Таравари сака во блок со албанската опозиција, за што доби поддршка од повеќе функционери, но, постои и друго крило коешто е за самостоен настап.
Разногласието во Алијанса кулминираше со сериозни инциденти, физички напад врз директорот на Агенцијата за одземен имот, Дритон Небиу и оставен куршум во дворот на домот на Таравари.
