Турција

Шестмина ранети во пукотница пред судот во Истанбул, напаѓачите се убиени

06.02.2024 12:57

Шест лица, од кои тројца полицајци, се ранети во пукотница пред зградата на судот во Истанбул...

Шест лица, од кои тројца полицајци, се ранети во пукотница пред зградата на судот во Истанбул. Двајца напаѓачи, маж и жена се убиени.

Турското МНР објави дека бил спречен терористички напад на контролниот пункт пред портата на судската зграда.

Утврдено е дека напаѓачите биле членови на радикалната левичарска Револуционерна народно-ослободителна партија која Турција ја класифицира како терористичка организација.