Редици на баратели на патни исправи пред дипломатско конзуларните претставништва
Редици на баратели на патни исправи, а не се помалубројни и оние кои бараат патни листи за да отпатуваат во татковината и да си обезбедат документи.

Под полна пареа работат дипломатско конзуларните претставништва. Пред нив редици на баратели на патни исправи, а не се помалубројни и оние кои бараат патни листи за да отпатуваат во татковината и да си обезбедат документи.
Од амбасадата во Берлин, велат дека кај нив и во конзуларните претставништва во Бон и Минхен дневно се прават до 200 фотографирања, се издаваат до 150 патни исправи, и по 40 патни листови а се работат и многу други предмети како заверка на полномошно, изјави, стекнување отпуст државјанство, визи за странски државјани и други.
Деновите до 12-ти февруари се бројат на прсти и се зголемува веројатноста дека голем дел од нив нема да успеат да ги добијат документите до рокот. Од амбасадата во Берлин ги потсетија нашите сонародници кои претставништва се надлежни за нив.
Најголеми главоболки имаат оние кои живеат во земји каде нема наши претставништва, па треба да отпатуваат во трети земји. На повеќето им е потребна виза која ниту брзо, ниту лесно се добива. Таков е примерот со Ирска од каде мора да се оди до Англија во Лондон.
Фиљана Кока
