Брисел

ЕП бара истрага за изборите во Србија

06.02.2024 14:48

Независна меѓународна истрага за изборите во Србија и испраќање на независна експертска мисија - Европскиот парламент ја подготви резолуцијата за Србија...

Независна меѓународна истрага за изборите во Србија и испраќање на независна експертска мисија – Европскиот парламент ја подготви резолуцијата за Србија, откако голем број меѓународни набљудувачи оценија дека изборите се нерегуларни.

Во истовреме, конститутивната седница на Собранието во Србија на која беа потврдени мандатите на пратениците во новиот парламент, помина со свирежи и транспаренти од опозицијата.