Нови лични документи

Нема да се чека во редици, пунктот „Пролет“ ќе работи со закажување во две смени

06.02.2024 14:52

Од утре пунктот кај полициската станица „Пролет“ ќе работи со 14 базни станици, но со претходно закажување. Денеска е последен ден каде граѓаните може да се фотографираат за лични документи без закажан термин…

По метежот и турканиците од изминативе недели, МВР одлучи да направи промена во функционирањето на пунктот „Пролет“. Наместо да се врши фотографирање без закажување, што досега одеше тешко и беше причина за голема нервоза, сега се врши трансформација во пункт за презакажани термини, за они кои имаат резервирано до крајот на годинава. Оние термини што ќе се ослободат, ќе бидат за оние кои ќе се јават.

Во пунктот ќе функционираат 14 базни станици, а од понеделник ќе се воведе и втора смена. Граѓаните кои чекаат со часови се револтирани што, не по своја вина, трошат и пари и време. На некои не им е измината важноста на личните документи.

По направената ревизија, МВР утврди дека од 156.000, 30.000 закажувања се фиктивни. Дел од граѓаните презакажувале термини од итна во редовна постапка и обратно.

Александра Велинова