Јанша оди во затвор- објави самиот на Твитер!

11.06.2014 11:11

Словенечките медиуми јавуваат дека доколку Јанша доброволно не се пријави во затворот, ќе биде приведен со примена на сила...

Претседателот на опозициската Словенечка демократска патија (СДС) Јанез Јанша објави на својот профил на Твитер дека добил повик за издржување затворска казна и оти во затворот мора да се јави до 20 јуни.

Словенечките медиуми јавуваат дека доколку Јанша доброволно не се пријави во затворот, ќе биде приведен со примена на сила. 

Јанша е осуден поради корупција на две години затвор во случајот Патриа, додека неговите соработници Иван Чрнкович и Тоне Кркович се осудени на по 22 месеци затвор. 

Тројцата мора да платат и парична казна и судски трошоци во висина од по 37 илјади евра.