Образование

Се бараат законски измени за студентскиот оброк

06.02.2024 16:15

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по барањето на Универзитетското студентско собрание до Собранието достави предлог за измена и дополнување на Законот за студентски оброк. Законот во Собранието е поднесен по скратена постапка и утре ќе се најде на собраниска седница...

Револтирани од нередовната исплата на стипендиите и условите, студентите повлекоа потег – побараа измени во Законот за студентски оброк, за да се зголеми висината на износот што сега го добиваат и да се исплаќа на неделно ниво.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе законски измени.

Поддршка и од СДСМ. Оттаму велат дека се бараат начини како да се унапредат правата на студентите.

Работите се размрдаа откако студентите излегоа на протест.

 

Игор Панов