Расте бројот на заболени со голема кашлица
Од вчера до денеска уште два случаја на голема кашлица во Скопје. Заразените не се вакцинирани. Состојбата алармантна, ќе заседава Комисијата за заразни болести. Најмногу пријавени има од Аеродром. Лекарите велат, имунизацијата е единствената превенција...

За еден ден, бројот на потврдени случаи на голема кашлица во Скопје се искачи на 12, но оваа бројка брзо ќе оди нагоре, предупредува првиот човек на Центарот за јавно здравје. Најмногу пријавени се од Аеродром. Иако пертусисот се шири најмногу помеѓу училишните деца, бебињата се најранливи. Две се лекуваат во Козле, едно на Клиниката за детски болести.
Вакцинацијата е единствената превенција. Имунитет се создава две недели по боцкањето.
Големата кашлица се шири во регионот. Во Хрватска има над 6.000 заболени, Србија над 1.000.
Комисијата за заразни болести неделава ќе одлучува за состојбата со големата кашлица, грипот и ковидот.
Наташа Јанчиќ Менковски
