Напад во Истанбул, повеќемина ранети
Напад пред судот во Истанбул. Повеќемина се ранети, двајцата напаѓачи се убиени. Ердоган актот го нарече „терористички“...

„Имав некоја работа во судот и кога завршив, одејќи кон излезот, слушнав истрели и интензивна престрелка. Ги видов терористите со сопствени очи. Тоа беа маж и жена кои се стрелаа со полицијата. Прв беше погоден мажот, а по неколку нејзини истрели и таа падна“, изјави Махирт Јилдиз, очевидец.
„Видов дека терористите лежат на земјата, и тогаш жената сакаше да истрела, но ја неутрализираа. Претходно фрли и торба кон полицијата, тогаш ми смрзна крвта. Луѓето беа престрашени, беа во бегство“, изјави Емре Озиурт, очевидец.
Итно реагираше и шефот на турската држава, актот го нарече терористички.
„Двајцата терористи, мажот и жената, беа неутрализирани од полицијата пред да ги остварат злобните цели. Турција ќе продолжи да се бори против сите терористички организации и против нивните следбеници, со посветеност без дискриминација. Го молам Господ за брзо закрепнување на повредените. И го молам за милост кон едното лице кое беше рането, а потоа почина“, изјави Реџеп Тајип Ердоган, претседател на Турција.
Првите податоци се скудни-терористите биле дел од ултралевичарска групација. Судот во Истанбул е најголемата правосудна установа во Европа и во Турција.
Зоран Богатинов
