Земјава далеку од скратената работна недела
Во Германија започна шестмесечниот експеримент за четиридневна работна недела. Дали во Македонија може да профункционира скратена работна недела, како ќе влијае на продуктивноста? …

Пократка работна недела за иста плата. Граѓаните сакаат да работат помалку денови, за да се попродуктивни, но велат дека кај нас, тоа е невозможна мисија.
Македонските газди засега не размислуваат да ја скратат работната недела.
Од ССМ велат ако се воведе скратена работна недела, работниците ќе бидат помотивирани, но посочуваат дека во приватниот сектор има случаи кога не им е платена ниту прекувремената работа.
За разлика од кај нас, работодавците во Шпанија, Нов Зеланд, Јапонија, Данска, Исланд, Луксембург, веќе почнаа да практикуваат пократка работна недела. Психолозите велат тоа ќе влијае на зголемување на ефикасноста на вработените.
Во светот, работодавците имаат проблем да најдат работници дури и кога ги зголемуваат платите. Последна од европските земји која го почна шестмесечниот експеримент за скратена работна недела е Германија,
Работниците работат четири дена, а земаат плата за пет.
И синдикатите и психолозите го делат истото мислење. Тешко дека ова може да се спроведе кај нас.
Борис Грујоски
