Ќе се зголемат ли цените на тутунот?
Динамиката на откупот на тутунот зависи од цената. Дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуноски при денешната средба со тутунарите им најави дека дел компании се согласиле за поголеми цени. Тутунарите се во исчекување на официјална потврда зашто се плашат од манипулации. Неодамна Инспекторатот ги повика фирмите да потпишат анекси за зголемени цени …

Тутунарите се пред откупните пунктови во исчекување дали откупувачите ќе ги зголемат цените. Од тоа ќе зависи, велат, динамиката на откупот која во моментов не е на посакуваното ниво.
Дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски им соопшти дека три помали компании ги зголемиле цените до 360, односно 365 денари, на пат е и една од големите – Сокотаб. Уверува дека ќе биде според барањата на Инспекторатот – писмено потврдено, а не усен договор за да се избегнат манипулации.
Во земјава откупуваат 10 фирми. Досега се преземени околу 9.000 тони по цена од 330 денари за килограм.
Елизабета Митреска
