Современо земјоделство за поголеми приноси
За поголемо производство на пченка, неопходно е навремено наводнување. Преку систем капка по капка неколку земјоделци од велешкиот регион со средства од УСАИД веќе ги наводнуваат своите посеви. Земјоделецот Биберовиќ очекува наесен од еден хектар посаден со пченка да собере род со кој ќе ги прехранува петте крави, така вели тој ќе бил поконкурентен на пазарот...

Заокруженото производство дава повеќе резултати, според ова мото работи и велешкиот земјоделец Ферхан Биберовиќ. Партнерски со Центарот за развој на Вардарскиот регион , УСАИД и Општината на нивата на која одгледува пченка веќе постави систем капка по капка.
„Задоволен сум од тоа како никна пченката. Морам да кажам дека и овие стручните,лица многу ми помагаат со совети и други работи. Здравје по 90 дена кога ќе жнееме ќе видиме дали има корист или нема“, рече Ферхан Бибаровиќ, земјоделец.
Биберовиќ очекува неасен поголем принос или доволно пченка за да ги прехрани петте крави, така вели тој ке може да биде поконкурентен на пазарот. Наводнувањето е значаен фактор за економски исплатливо земјоделие.
„Ако просекот во државата е три до четири илјади килограми по хектар,сега приносот треба да биде околу 17.000 килограми по хектар. Тоа ќе значи достигнување или надминување на високите стандарди кои ги има во соседните земји“, рече Слачо Чадиев градоначалник на општина Велес.
Во Македонија голем процент од земјоделството отпаѓа на малите земјоделци. Велешкиот крај има предуслови за развој и враќање на пченката на нивите.
„Една од нашите цели е да докажеме дека на овој дел може да се одгледува пченка и таа да биде една од главните култири секако преку спроведување на нови методологии како овој систем капка по капка“, рече Мартин Трајчев од проектот за експанзија на мали бизниси при УСАИД.
Покрај Биберовиќ, со средства од УСАИД систем капка по капка поставија уште тројца земјоделци од село Оризари и шест од Водоврати.
Дијана Иванова
