мвр

При контрола на сообраќајот во Битола кај возач констатирано присуство на 4.03 промили алкохол

06.02.2024 18:28

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денешниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на СВР Битола биле контролирани 135 возила од кои 23 упатени на технички преглед. При контрола кај возач од Битола констатирано било присуство на 4.03 промили алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.