Здравство

Меџити: Формираме нов ургентен интернистички центар

06.02.2024 19:39

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, денеска заедно со главниот финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје Маја Стевкова Штериева и директорот на Кластер Западен Балкан, Фармација при „Алкалоид“ АД Скопје Владимир Индов, потпишаа договор за формирање нов ургентен интернистички центар на Универзитетската клиника за токсикологија.

„Денеска, со поддршка од општествено одговорните компании Алкалоид и Комерцијална банка потпишавме договор за формирање нов ургентен интернистички центар на Универзитетската клиника за токсикологија. Ова е инвестиција којашто ја најавив како еден од нашите приоритети и навистина сум многу горд што почнуваме со нејзина реализација“, изјави Меџити.

Министерот нагласи дека целта на овој тријажен центар е да претставува прв контакт со пациентите, каде што е предвидено да се пружа итна здравствена заштита. Тука, пациентите од нивниот прием би престојувале 24 до 48 часа по што доколку е потребно би се упатиле во болничките оддели на некоја од интерните клиники или би биле пуштени дома.

Следејќи ги современите стандарди за врвни и квалитетни здравствени услуги, ќе се изврши реконструкција на простор од околу 750 м2. Во склоп на просторот ќе има и посебна просторија за опсервација на пациенти – интензивна нега, како и полуинтензивна нега. Во просториите на интернистичкиот ургентен центар ќе бидат сместени и компјутерски томограф, рентген, ЕХО апарат, ендоскопија, истакна министерот.