Собрание

Платите на вработените во ФЗОМ нема да се менуваат до крајот на мај

07.02.2024 08:43

Одлучено е да се поништи препораката до Управниот одбор на ФЗО и е донесена нова препорака којашто се однесува на сегашната вредност на бодот за пресметка на плати.

На владина седница е донесено одлука платите во ФЗОМ да не се намалуваат до крајот на мај. Одлучено е да се поништи препораката до Управниот одбор на ФЗО и е донесена нова препорака којашто се однесува на сегашната вредност на бодот за пресметка на плати.

Владата донесе и решение за формирање Комисија за следење на примената и толкување на одредбите на општиот колективен договор за јавниот сектор. Со решението, формирана е комисијата, со претставници на владата и на сојузот на синдикатите на Македонија.

Комисијата ќе разгледува прашања покренати од работници, што се однесуваат на нивните работнички права, согласно со општиот колективен договор. Вработените во ФЗО бараа платите годинава да им бидат во висина на декемвриската плата.