МВР

МВР: 201 санкционирани возачи во Скопје

07.02.2024 08:46

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои 35 санкции за непочитување на брзината на движење...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои 35 санкции за непочитување на брзината на движење, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за некористење на сигурносен појас, 11 мерки за користење на мобилен телефон при управување.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштебнието од МВР.