Голема кашлица

Комисијата за заразни болести денеска заседава за новите случаи заразени со голема кашлица

07.02.2024 09:04

Комисијата за заразни болести денеска заседава за новите случаи заразени со голема кашлица. Бројот на заболени се искачи на 12, лекарите очекуваат бројката да се зголемува поради слабиот опфат со вакцинација...

Комисијата за заразни болести денеска ќе заседава, а едно од прашањата кое ќе се најде пред нив е и дали да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, со оглед дека расте бројот на заразени.

Досега потврдени 12 случаи на голема кашлица во земјава, 10 се во Скопје и најалармантна е состојбата во општина Аеродром каде има 8 потврдени со голема кашлица.