Делови од Сарај и Гази Баба без вода
Во првата фаза од реконструкцијата ќе се изврши замена на затворачите и комплетно електромоторите погони на поле број 3 и поле број 4 во општина Сарај.

Поради почеток на реконструкција на ПС Сарај, прва фаза, денеска од 9:30 до 18 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат жителите од населените места Сарај, Глумово, Долна Матка, Горна Матка, Љубин и Арнакија, соопшти РЦУК – Скопје.
Во првата фаза од реконструкцијата ќе се изврши замена на затворачите и комплетно електромоторите погони на поле број 3 и поле број 4 во општина Сарај.
Поради замена на затворач Ф-100 милиметри на улица „Душан Тасковиќ“ 45 во населба Железара, од 8 часот без вода ќе бидат дел од жителите на општина Гази Баба. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.
