Протест

АСОМ и АПИС пред Собранието ќе одржат јавен собир

07.02.2024 09:28

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС), денеска...

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС), денеска, со почеток од 11:00 часот, во присуство на дел од своите вработени, пред Собранието ќе одржат јавен собир, соопштија од таму.

За време на собирот, исто така во 11:00 часот, предвидени се и изјави за медиумите од страна на претседателот на АСОМ, Васко Илијевски и претставникот од АПИС, Горан Стоименов.

Поводот за протестирање е закажаното второ читање на предлог Законот за игрите на среќа и за забавните игри во редовна собраниска постапка.