Украина

Нови руски напади врз Киев

07.02.2024 09:44

Русија изврши нови ракетни удари врз Киев и други украински градови...

Русија изврши нови ракетни удари врз Киев и други украински градови. Оштетени се дел од електричната и топлотната мрежа. Властите во Миколаев соопштија дека има повредени цивили. На мета и Харков. Претседателот Зеленски нареди формирање посебни сили за дронови. Неизвесната поддршка од САД би можела да испрати поинаква и опасна порака – соопшти Пентагон.

„Ако сад престанат да ја поддржуваат Украина, треба да ни биде јасно за последиците. Путин нема да запре и неговата потрага по моќ и контрола надвор од границите на Украина кон НАТО“, изјави Сабрина Синг, заменик-портпаролка на Пентагон.

Додека борбите продолжуваат, американскиот поранешен водител на „Фокс Њуз“, Такер Карлсон, потврди дека ќе го интервјуира рускиот претседател Путин давајќи му можност да се чуе неговиот глас.