Чиле
Тридневна жалост по трагичната смрт на Пињера
07.02.2024 09:45
Чилеанските власти прогласија тридневна жалост откако 74-годишниот поранешен претседател Себастијан Пињера загина во хеликоптерска несреќа...

Чилеанските власти прогласија тридневна жалост откако 74-годишниот поранешен претседател Себастијан Пињера загина во хеликоптерска несреќа.
„Сите ние сме Чиле и треба да го сонуваме и градиме сите“ – рече Пињера кога го презеде вториот мандат. Наредив да биде испратен со сите државни почести и прогласив тридневна жалост“, изјави Габриел Борич, претседател на Чиле.
Поддржувачите на Пињера оддаваат почит пред неговиот дом. Во хеликоптерската несреќа во која загина екс-претседателот беа спасени три лица.
