Блиски Исток

Израел изврши напад во Сирија

07.02.2024 09:46

Израелски проектили го погодија сирискиот град Хомс. Нападите извршени врз неколку пунктови на сириската армија и воздухопловна база, наводно поврзани со Иран...

Израелски проектили го погодија сирискиот град Хомс. Нападите извршени врз неколку пунктови на сириската армија и воздухопловна база, наводно поврзани со Иран.

Воени претставници на Сирија објавија дека се соборени повеќе проектили, но и дека има жртви, меѓу кои и цивили. Во истовреме, американскиот државен секретар на разговори во Тел Авив со премиерот Нетанјаху откако Катар соопшти дека Хамас позитивно одговориле на меѓународниот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа.

Терористичката група предлага трифазен прекин на огнот во текот на 135 дена што би довел до крај на војната. На терен борбите продолжуваат.