Манчестер Јунајтед бара помош од државата за изградба на нов стадион

07.02.2024 10:47

Бизнисменот, кој поседува 25 отсто од акциите на „Манчестер јунајтед“ почнал да ги спроведува своите планови, иако продажбата на дел од акциите се уште не е официјално потврдена од Премиер лигата, пренесува „Дејли телеграф“.

Џим Ретклиф, сопственикот на „Инеос“, бара поддршка од Владата на Обединетото Кралство и од програмата на фондот „Левелинг ап“ за изградба на најмодерниот стадион во северозападниот дел на Англија, кој би му ривал на „Вембли“ во сите погледи.

Бизнисменот, кој поседува 25 отсто од акциите на „Манчестер јунајтед“ почнал да ги спроведува своите планови, иако продажбата на дел од акциите се уште не е официјално потврдена од Премиер лигата, пренесува „Дејли телеграф“.

Се очекува тоа да биде официјализирано во следните две недели, а Ретклиф не сака да губи време, особено кога станува збор за стадионот „Олд Трафорд“.

Тој чувствува дека клубот треба да има чудо од стадион, кој ќе го одземе здивот на сите. И постои силен аргумент земјата да има објект од врвна класа, кој би бил „Вембли“ на северот на земјата, изјавил за весникот извор близок до Ретклиф.