Неверојатна тројка на Дончиќ, противничките навивачи му скандираа „МВП“

07.02.2024 10:58

Дончиќ го заврши мечот со 35 поени, 18 скокови и 9 асистенции, па иако остана на само едно додавање од трипл-дабл, навивачите на Бруклин знаеја како да го наградат за неверојатната партија.

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг блескаа во победата на Далас во Бруклин 119:107. Импресивната партија на Дончиќ, ја натера домашната публика во финишот да му скандира: „МВП, МВП, МВП“.

Дончиќ го заврши мечот со 35 поени, 18 скокови и 9 асистенции, па иако остана на само едно додавање од трипл-дабл, навивачите на Бруклин знаеја како да го наградат за неверојатната партија.

Словенецот утрово имаше огромна поддршка од Ирвинг кој беше најефикасен на паркетот со 36 поени, додека во противничкиот табор се истакна Бриџис со 28 поени.

Статистичарите посочија дека Дончиќ е првиот во историјата на НБА со само една загубена топка со споменатите минути и учинок.