Магнезиум – минерал кој многу придонесува за добро здравје и расположение
Магнезиумот, пред сѐ, ја регулира работата на мускулите, но всушност има и други важни улоги во човековото тело. Имено, ги регулира и нервите, нивото на шеќер во крвта, крвниот притисок и делува на потрошувањето на енергијата.
Недостатокот на магнезиум е многу честа појава кај човекот, иако овој минерал се наоѓа во многу намирници, како што се риба, млеко, јаткасти плодови и лиснат зеленчук.
Магнезиумот, пред сѐ, ја регулира работата на мускулите, но всушност има и други важни улоги во човековото тело. Имено, ги регулира и нервите, нивото на шеќер во крвта, крвниот притисок и делува на потрошувањето на енергијата.
Недоволниот внос на магнезиум може да ја зголеми опасноста од дијабетес, висок крвен притисок, кардиоваскуларни заболувања, остеопороза и други болести.
Мускулните грчеви се меѓу најчестите знаци за недостаток од магнезиум. Во тешки случаи, може да предизвика дури и напади. Понекогаш грчевите може да бидат последица на прекумерен замор или премногу кофеин, но и недостигот од магнезиум исто така може да биде причина.
Научниците веруваат дека овие симптоми се предизвикани од зголемен проток на калциум во нервните клетки, што ги стимулира мускулните нерви.
Ниското ниво на магнезиум влијае на повеќе телесни процеси, вклучително и нервното сигнализирање и нивоа на калиум во мускулните клетки, што може да предизвика замор, слабост и вкочанетост.
Заморот и слабоста сами по себе можеби не се знак за недостаток на магнезиум, но во комбинација со други симптоми може да укажуваат на ниско ниво на тој минерал.
Луѓето со пониски нивоа магнезиум може да почувствуваат и анксиозноост. Некои истражувања посочуваат и поврзаност меѓу недостатокот на магнезиум и депресијата.