Германија

Откажани летови поради штрајк во Германија

07.02.2024 11:15

Во Франкфурт, Минхен и Дизелдорф не летнаа над 80 насто од авионите. Речиси сто илјади патници се засегнати и бараат алтернативи за патување. Околу илјада летови се откажани поради предупредувачкиот штрајк на персоналот...

Околу илјада летови се откажани поради предупредувачкиот штрајк на персоналот на најголемиот германски авиопревозник Луфтханза. Во Франкфурт, Минхен и Дизелдорф не летнаа над 80 насто од авионите. Речиси сто илјади патници се засегнати и бараат алтернативи за патување.

Акцијата е одговор на тековните преговори за платите на групацијата Луфтханза за приближно 25.000 вработени во копнената екипа. Понудата на работодавците во вториот круг преговори на 23-ти јануари беше одбиена.

„Имаме огромна потреба од инвестиции во нови авиони, седишта, дигитални ресурси, сето тоа треба да се финансира. Подготвени сме да ги зголемиме платите и мислиме дека направивме добра понуда со зголемување од речиси 13 насто во следните три години“, изјави Мајкл Нигерман – менаџер на Луфтханза.